Македонскиот ПЕН центар на 38 -та Бледска конференција

Од 29 март до 2 април 2006 година во Блед, Република Словенија, се одржа 38-та меѓународна средба на писатели. На Конференцијата, од името на Македонскиот ПЕН центар учествуваа Александар Прокопиев и Маја Бојаџиевска, членови на Претседателството. Активностите на Конференцијата се одвиваа преку неколку тркалезни маси на различни теми: 1. Глобализација на светот-маргинализација на литературата; 2. Улогата на ПЕН во современиот свет и 3. Слободата на говорот како средство против тероризмот – тркалезна маса на Комитетот за мир.

Македонските претставници учествуваа на сите три тркалезни маси и дадоа свој прилог и преку поединечните дискусии со еден број претставници на одделни ПЕН центри кои учествуваа на Конференцијата.

 

hosted by

Copyright © Macedonian P.E.N. Centre, 2004.
All rights resreved

created by