ОДРЖАНА ТРИНАЕСЕТАТА КОНФЕРЕНЦИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ ПЕН ЦЕНТАР

dscn0965

Во Скопје, од 8 до 11 септември годинава, се одржа Тринаесетата регионална конференција на Македонскиот ПЕН центар. На конференцијата учествуваа: Тарик Ѓунерсел, претседател на Турскиот ПЕН и член на Бордот на Меѓународниот ПЕН, Нада Чачиновиќ, претседател на Хрватскиот ПЕН, Садик Бејко, генерален секретар на Албанскиот ПЕН и Ндуе Ѓика, член на Албанскиот ПЕН, Иво Фрбежар, член на Словенечкиот ПЕН, Владимир Јанев, член на Бугарскиот ПЕН центар, како и Фахредин Шеху и Илире Зајми од Косовскиот ПЕН центар. Од Македонскиот ПЕН на Конференцијата учествуиваа: Ристо Лазаров, Иван Џепаровски, Матеја Матевски, Мето Јовановски, Влада Урошевиќ, Димитар Башевски, Луан Старова, Санде Стојчевски, Весна Ацевска, Ермис Лафазоновски, Веле Смилевски, Раде Силјан, Тодор Чаловски, Гоце Смилевски, Игор Исаковски и Лидија Капушевска- Дракулевска.

Темата на годинашнава конференција – Литературата во дигиталниот свет – предизвика широка и интересна дебата во која, по воведното излагање на Иван Џепаровски, учествуваа: Нада Чачиновиќ, Игор Исаковски, Taрик Ѓунерсел, Влада Урошевиќ, Ермис Лафазановски, Иво Фрбежар, Димитар Башевски, Луан Старова, Илире Зајми, Фахредин Шеху и Владимир Јанев.

Во Младинскиот културен центар се одржа меѓународно поетско читање на кое настапија Веле Смилевски, Садик Бејко, Иван Џепаровски, Тарик Ѓунерсел, Весна Ацевска, Димитар Башевски, Садик Бејко, Ндуе Ѓика, Илире Зајми,, Санде Стојчевски, Иво Фрбежар, Фахредин Шеху и гостинот од Шпанија, струшкиот венценосец Хорхе Хусто Падрон.

Во текот на Конференцијата се одржаа повеќе билатерални средби на кои се разговараше за унапредувањето на соработката и меѓусебната комуникација на ПЕН центрите во регионот.

Учесниците на конференцијата ги разгледаа и културно/историските знаменитости на главниот град на Македонија Скопје.

hosted by

Copyright © Macedonian P.E.N. Centre, 2004.
All rights resreved

created by