НОВ УПРАВЕН ОДБОР НА МАКЕДОНСКИОТ ПЕН ЦЕНТАР
Ристо Лазаров повторно претседател, а Иван Џепароски нов секретар
На 22 декември во Скопје се одржа редовно изборно собрание на Македонскиот ПЕН центар, на кое беа разгледани и усвоени извештајот за двегодишната работа и програмата на активности во 2009 година. На собранието беше усвоен и финансискиот извештај, а беа извршени и неколку измени во статутот. Наместо досегашното Претседателство, во иднина со Македонскиот ПЕН ќе раководи Управен одбор, а неговиот мандат наместо две ќе изнесува три години колку што трае и мандаот на Бордот на Меѓународниот ПЕН.
Собранието позитивно ги оцени активностите на Македонскиот ПЕН во извештајниот период, посебно нагласувајќи го фактот дека токму во овој период Катица Ќулавкова беше избрана за потпретседателка на Меѓународниот ПЕН, како и значењето на охридските конференции и темите што беа разгледани на нив.
На Собранието беше избран нов Управен одбор на Македонскиот ПЕН центар во состав: Ристо Лазаров, Иван Џепароски, Санде Стојчевски, Ферид Мухиќ, Јелена Лужина, Луан Старова, Васе Манчев, Авни Енѓулу и Бранко Цветкоски.
На првата конституитивна седница, за претседател на Македонскиот ПЕН повторно е избран Ристо Лазаров, а за нов секретар е избран Иван Џепароски.






